ThinkPad

Немилосрдна иновација. Доверлив квалитет. Наменски дизајн.

Одликувајќи се со технологија која прва на пазарот работи попаметно за вас, нашето ThinkPad портфолио обезбедува сигурност на која може да сметате. Сите наши уреди се MIL-SPEC тестирани против екстремни услови. Ние нудиме опции за далечинско управување, како и напредни безбедносни решенија со ThinkShield, интегриран пакет на хардвер и софтвер. Поддршка на ниво на претпријатие достапна за ви овозможи да бидете во тек со работата.

Истражете го ThinkPad
ThinkBook

Создадени за бизнис, дизајнирани за вас

Лесни и стилски, Lenovo ThinkBook лаптопите нудат безбедност и ефикасност. Функциите како Modern Standby и Smart Power On помагаат за зајакнување на перформансите и подобрување на продуктивноста. Плус контролата на гласот, дизајните со двоен екран и подобреното аудио и овозможуваат на технологијата да работи за вашиот бизнис. Вклучуваат и понуди за поддршка на SMB.

Истражете го ThinkBook
ThinkCentre

Десктоп иновација водечка во индустријата

ThinkCentre десктопите ги дизајниравме за да се прилагодиме на реалноста на намалување на канцеларискиот простор. Нашите дизајни ги вклучуваат Nano со големина на телефон, првиот во индустријата 1L Tiny и Tiny-in-one, традиционалните tower персонални компјутери и нашите all-in-one компјутери. Овие компјутери обезбедуваат супериорни перформанси, стабилност низ целиот животен циклус, сигурна безбедност и понуда за премиум поддршка.

Истражете го ThinkCentre
ThinkStation

Супериорна сигурност и перформанси

ThinkStation P серијата на работни станици обезбедува моќни перформанси со најнова генерација на Intel® Xeon® процесори и NVIDIA® Quadro® професионална графика во двојни и единечни процесори. Со Independent software vendor (ISV) сертификат, енергетски ефикасни и високо разновидни, нашите ThinkStation уреди се одликуваат со супериорната сигурност која ја очекувате од Think.

Истражете го ThinkStation
ThinkSmart

Smart office уреди

Комбинирајќи иновативна технологија со персонализирани услуги, нашите ThinkSmart решенија ќе го редефинираат вашиот простор за состаноци. Направете ја вашата соработка попродуктивна и поефикасна со уреди кои нудат флексибилни платформи и големини на простор. Плус, вградената безбедност ги чува вашите податоци безбедни и вашата приватност недопрена. Подигнете го бизнисот на следното ниво.

Истражете гo Thinksmart
ThinkVision

Монитори со врвен дизајн

Опремени со функции кои ја зголемуваат продуктивноста на современата работна сила, ThinkVision мониторите исто така може да се пофалат и со елегантен ергономски дизајн. Без разлика дали се работи за нивната фабричка калибрација и sRGB спректар на бои, USB-C решенија со еден кабел, енергетска ефикасност, вградено аудио или леснотијата на конфигурирање на поставките за повеќе дисплеи, овие монитори се дизајнирани за вашата удобност и безгрижност.

Истражете го Thinkvision
ThinkShield

Безбедноста е во нашата ДНК

Во Lenovo, безбедноста ја сфаќаме сериозно. ThinkShield е нашето сеопфатно портфолио на понуди за безбедност засновани на најновите технолошки иновации. Тоа е ваша основа за одбрана за да ви помогне да спречите, откриете и закрепнете од напади на безбедноста.

Истражете го ThinkShield