

Уништувањето никогаш не изгледало подобро
Остатокот од светот ве гледа како привлечен или софистициран. Но одвнатре, вие сте жестоки и доминантни. Уништете ја конкуренцијата со гејминг компјутерите кои се онолку стилски и моќни колку што сте и вие - Lenovo Legion.


Lenovo Legion Slim 7i - Најлесниот 15,6” гејминг лаптоп со RTX во светот
*Врз основа на истражувањето спроведено од Lenovo (10.08.2002 г.) на лаптопи за потрошувачи што се продаваат од најголемите производители на компјутерски игри, кои испорачуваат повеќе од еден милион единици низ светот годишно.
Лаптопи
Додатоци и монитори




Епски фрејмови за вашите омилени игри
Вашите омилени наслови заслужуваат да бидат видени во нивното најдобро светло: без сецкање и без замаглување. FPS (фрејмови во секунда) дефинира колку уникатни фрејмови (слики) вашиот монитор прикажува во секунда. Колку е поголем FPS, толку ќе биде подобро и побрзо вашето искуство во гејмингот.
Изберете го името на играта и преферираниот Lenovo Legion компјутер за да видите какви неверојатни визуелни искуства ве очекуваат.
Оптимални спецификации за играње:
Apex Legends
Form factor
Процесор
Графичкa картичка
Фрејмови во секунда (FPS)



Екстремно ладење
Подобрениот термички систем Legion Coldfront 2.0 ќе го одржува вашиот компјутер тивок и ладен, овозможувајќи ви да се движите без пречки во вашите освојувања. Искусете повеќе од девет часа на максимум "clock speeds" со нула пречки на Legion 7i, Legion 5i и Legion 5Pi (потврдено од UL).

Зачудувачки реализам
Уживајте во акцијата со неверојатни бои, до 4K резолуција и панели со голема брзина на освежување со феноменален број фрејмови во секунда (FPS). Погледнете реални 240 FPS на гејминг екранот со Legion 5Pi и Legion 7i (потврдено од UL).

Контролиран напад
Кога сте во жарот на битката, реакцијата на тастатурата може да значи мала разлика помеѓу животот и смртта. Legion TrueStrike тастатурите ве вооружуваат со време на лесно активирање и копчиња со меко притискање, за 1,9 пати побрзо внесување на активноста на тастатурата на Legion 5Pi и Legion 7i (потврдено од UL).
Не прифаќајте ограничувања
Legion уредите обезбедуваат спектакуларни перформанси за игри со процесори до 10-та генерација од Intel® Core ™ HK серијата, плус графички NVIDIA® GeForce RTX. Наоружајте се со целата брзина и моќ што ви е потребна за да победите.

Доминирајте со стил
Од модерна, ласерски гравиранa алуминиумскa шасија до елегантно LED осветлување на околината, скриениот „silent killer“ дизајн на секој Legion компјутер ја крие вистинската моќ во себе.

Сосема поинаква игра
Windows 10 го отклучува целиот потенцијал на хардверот на вашиот систем. Со напредни перформанси во графичкиот систем преку DirectX 12 Ultimate* и компатибилноста за играње илјадници игри - постои причина зошто Windows е најпопуларната и разновидна платформа за игри на планетата.
*DirectX 12 Ultimate e достапен со поддржани игри, графички чипови и бара најнови ажурирања на Windows 10 со веќе ажурирани хардверски драјвери.