
Lenovo Premier Support
Напредни инженери. Управување со случајот од почеток до крај. Побрзи решенија од прва.
Како што се намалуваат ИТ-буџетите, така организациите мора да најдат начини како да ги скратат оперативните трошоци и како да ја зголемат ИТ-ефикасноста. И покрај зголемениот притисок врз ИТ-тимовите да испорачаат бизнис резултати, технолошките професионалци проценуваат дека 1 час на секои 4 работни часа се троши на основни задачи за одржување на компјутерот.
Lenovo Premier Support управува со рутинските задачи за поддршка, ослободувајќи ги техничките тимови да се фокусираат на стратешките достигнувања што ќе ја придвижат организацијата нанапред. Како оригинален производител на опремата, Lenovo може да го ограничи времето на прекин и да ја зголеми продуктивноста, така што ќе понуди директен пристап до елитните инженери и технички тимови коишто ќе останат со повикувачот додека проблемот не се реши.
Со Lenovo Premier Support, добивате:
- Специјална телефонска поддршка без менија за навигација 24 часа, 7 дена во седмицата, 365 дена во годината
- Нескриптирано решавање проблеми и директен пристап до техничари од напредно ниво
- Сеопфатна поддршка за хардверот и софтверот на оригиналниот производител на опремата
- Управување со случајот од почеток до крај со еден контакт додека проблемот не се реши
- Пристап до елитни инженери за проактивна врска и управување со ескалацијата
- Стандарден пакет на известувања за нивото на средства и услуги
- Приоритет за поправка на лице место и делови следниот работен ден
Поправката на лице место наредниот работен ден не е загарантирана во сите држави. Во овој случај, корисниците на Premier ќе добијат приоритет/испорака на најдобрата достапна услуга. Деловите коишто ги немаме на лагер може да ја одложат испораката на услугата. Не е достапно во сите држави. Ако Lenovo одреди дека проблемот е покриен со гаранцијата и не може да се реши преку телефон или со замена на корисничкиот дел, поправката ќе се изврши на лице место каде што е достапна таа услуга. Во спротивно, ќе се користи најдобрата достапна услуга. За повиците што ќе ги добиеме по 15:00 часот по локално време, ќе биде потребен дополнителен работен ден за испорачување на услугата. Не е загарантирана испорака на услугата следниот ден.