Порака од извршниот директор (CEO) Yuanqing Yang

Ширењето на COVID-19 во последните два месеци продолжува да влијае на сите нас. Дури и по напредокот на некои земји и реотворање на канцелариите, до колегите во другите делови од светот се апелира да работат од дома, потсетник дека ова е глобално прашање за кое постојано има промени, на кое сите ние мораме да работиме и да го надминеме.

Во Lenovo, ние секојдневно настојуваме да им обезбедиме „попаметна“ технологија на сите. Тоа произлегува од нашето верување дека ставањето на најдобрата технологија во рацете на повеќе луѓе води кон подобри идеи и решенија за сите наши предизвици. Сега повеќе од кога и да било, ја согледуваме вредноста на вистинската технологија, без разлика дали станува збор за медицински истражувач кој работи на вакцина, наставник кој одржува настава онлајн или поединци кои користат интернет дома за да ја завршат својата работа. Технологијата ќе игра клучна улога во помагањето за справување со предизвиците кои ги создаде вирусот. Ние работиме напорно за да го продолжиме производството и развојот на производите што нашите клиенти ги користат за решавање на предизвиците со кои се соочуваат.

Но, сепак луѓето се клучни за изнаоѓање на решенија за овие нови предизвици. Поставувањето на луѓето пред сѐ, отсекогаш била основна вредност на Lenovo, без оглед дали се однесува на нашите вработени, партнери, клиенти или нашите заедници. Со оваа идеја која е водечка во нашите одлуки, сакав да ве известам кои се чекорите што ги преземаме за да им служиме на сите тие луѓе.

Прочитај повеќе

Поддршка на нашите заедници

Фондацијата Lenovo продолжува да презема водечка улога во пронаоѓање на глобалниот одговор во врска со COVID-19, донирајќи технологија за новите болници кои лекуваат пациенти, донирајќи технологија за новите болници кои лекуваат пациенти, како и за истражувачите кои го проучуваат вирусот, поставување на софтвер и хардвер достапен за училиштата за да можат да работат онлајн и донации од нашите вработени ширум светот. Нашата поддршка е и голема и мала - фокусирана е на вистинската потреба и таму каде нашите тимови од Lenovo се блиску и можат да реагираат. Јас сум убеден дека кумулативното влијание од 6,7 милиони американски долари што ги дониравме до сега ќе имаат влијание таму каде што е најпотребно.

Грижа за нашите луѓе

Како светска компанија, Lenovo го почувствува влијанието на вирусот и презема мерки со тоа што ги охрабри локалните лидери да ја стават благосостојбата на нашите тимови како врвен приоритет. Отпрвин тоа се однесуваше на нашите екипи во Кина кои работеа од дома, додека другите делови на светот ја дадоа својата поддршка, затоа што дотогаш не беа погодени. Сега, канцелариите и фабриките во Кина се отворија, но ширењето на вирусот ги доведе до ситуација лидерите од Европа и Северна Америка да побараат од своите вработените да работат од дома. Во ова брзо менување на ситуацијата, најважна е флексибилноста. Тоа е нешто што сум го видел кај нашите добавувачи, нашите партнери, генерално во индустријата и особено кај тимовите на Lenovo ширум светот. Јас сум благодарен за тоа како нашите луѓе и партнери се организираа заедно да им помогнат на нашите клиенти и да си дадат поддршка едни на други. Исто така сум горд што успеавме да најдеме нови улоги за вработените во сегменти намалени со економското влијание на вирусот. Никој не знае колку ќе трае ова нарушување на нашето секојдневие, но ние сме посветени да ги следиме упатствата утврдени од локалните власти на секој пазар, да сториме сè што можеме за да помогнеме, а пред сѐ да обезбедиме здравје и безбедност на нашите луѓе.

Фокус на нашите клиенти

Во текот на последните два месеци бев воодушевен од посветеноста која нашите тимови ја покажаа во делот на информирање и обезбедување на нашите партнери и клиенти, при што нашето работење продолжи да функционира нормално. Иако сум воодушевен, не сум изненаден, затоа што видов дека нашите тимови се организираат и испорачуваат до нашите клиенти во многу тешки ситуации. Кога нашите фабрики во Кина беа затворени неколку недели, нашите тимови за снабдување се собраа да разгледаат како можеме да ја искористиме нашата глобално распространета мрежа од 30+ производствени локации за прилагодување на капацитетот и ребаланс на производството. Иако затворањето на фабриката во Кина предизвика краткорочно влијание врз производството и снабдувањето, успеавме да го минимизираме истото колку што беше возможно. Бидејќи се зголемува побарувачката за технологија и решенија за работа од дома, јас им предлагам на нашите тимови да бидат креативни во делот за побрзо испорачување на производите и да ги поддржат клиентите ширум светот кои ги менуваат своите работни практики и да стават приоритет на клиенти кои се во првите редови на справување со состојбата со вирусот.

Тековната состојба е без преседан и следат многу предизвици. Сепак, знам дека ќе сториме сѐ што можеме за да ги поддржиме нашите луѓе и тие ќе сторат сé што можат за да ги поддржат нашите клиенти.

Гледаме напред

Ова е време на предизвици за сите нас. Знам дека луѓето се загрижени како ова може да влијае на нивните семејства, работните места, локалните заедници и секој аспект од нивниот живот. Ова го знам затоа што јас ги имам истите грижи уште од времето кога COVID-19 доведе до продолжување на лунарната нова година и затворање на канцеларии и училишта низ цела Кина.

Во време на предизвици како што се овие, помага да се запамети дека сите ние сакаме иста работа: луѓето за кои се грижиме да останат здрави, влијанието на вирусот да се намали, да се пронајде лек и животот да се врати во нормала. Тоа заедничко чувство на надеж и цел може да го охрабри секој од нас за време на ова тешко време и да ни помогне да се соочиме заедно со предизвиците. Благодарен сум на секоја личност во Lenovo, за сите што се трудат да помогнат не само на Lenovo, туку и на клиентите кои сметаат на нас и заедниците што ги нарекуваме дом. Заедно, знам дека можеме да се соочиме со овие предизвици.

Што Lenovo прави

Поврзани ресурси и поддршка

  • Ажурирања на системот: Ако вашиот компјутер не работи правилно, препорачуваме прво да се осигурате дали ги имате најновите драјвери и надградби на софтвер. Со помош на Lenovo Vantage апликацијата го олеснувате овој дел и автоматски може да го задржите вашиот компјутер ажуриран.
  • Техничка поддршка: Ако ви треба дополнителна техничка поддршка или поправка, посетете ја: support.lenovo.com. Имате многу достапни ресурси кои ќе ви овозможат самостојно да решите многу вообичаени проблеми или ако има потреба, да поднесете барање за сервисна услуга. Имајте на ум дека во некои региони потребно ни е подолго од вообичаеното време за одговор - таму каде е применливо, ќе ви ги препорачаме најефикасните начини да стигнете до нас.
  • Поправки: Ако сакате да го видите статусот на постоечка поправка, посетете ја: support.lenovo.com/repairstatus.
  • Уреди за чистење: Следниот документ ги содржи деталните упатства како да го дезинфицирате/исчистите вашиот компјутер, што може да помогне во контролата на ширењето на микробите.

За најновите насоки за здравје и безбедност, медицинска нега и тековната борба против Корона вирусот, посетете ја веб страната на WHO и на вашата влада.