Сервис и гаранција – општи услови

Според законот за Заштита на потрошувачите производите на Lenovo се покриени со 2 години гаранција за физички лица.

Гарантниот период за сите Lenovo батерии, покажувачи и дигитални пенкала е 1 година освен ако поинаку не е назначено. Тоа значи дека Lenovo ќе обезбеди гарантно сервисирање без наплата за батерии, покажувачи и дигитални пенкала во 12 месечниот гарантен рок по купување на производот. Гаранцијата не се однесува на намалување на капацитетот на батеријата, туку само на механички дефекти. Доколку уредот е купен од правно лице, гаранцијата не се дефинира од Законот за заштита на потрошувачите и гарантниот период зависи од склучениот договор за услугата.

Задолжителниот максимален рок за вршење на гарантна поправка е 30 дена. Сепак просечниот период за сервисирање на Lenovo производите е значително пократок.

Прашајте го вашиот продавач како да си ја продолжите гаранцијата.

Основни документи:
Документ "Lenovo Limited Warranty" применливо за 2013.

Замена при дефектни пиксели во дисплејот (LCD)
IdeaPad Лаптопи | ThinkPad | All-In-One уреди & Монитори | Таблети

 

Производи од сериите IDEA (IdeaPad, IdeaCentre)

Телефон:
‎0800 4 44 44 (AITONIX, бројот е бесплатен за цела Македонија)
+389 2 3298338 (AITONIX)
+389 2 3090625 (Inet)

Производите во и надвор од гарантен рок од серијата Idea се праќаат за сервисирање преку курирски услуги на некој од локални курирски компании. Курирската фирма ќе го подигне уредот од место по Ваш избор, ќе го транспортира до сервисниот центар и ќе Ви го врати обратно. Не е потребно уредот да биде во оригинална кутија, но е препорачиво да биде добро спакуван за превенција од повреди при транспортирање. Курирската услуга е потполно бесплатна во случај на сервисирање на производ во гарантен рок. За да испратите во сервис производ од серијата Idea, Ве молиме контактирајте некој од горенаведените телефонски броеви. Секако може да го однесете уредот до Вашиот продавач кој ќе се погрижи за гарантниот процес наместо Вас.

 

Производи од сериите THINK (ThinkPad, ThinkCentre, ThinkStation, ThinkServer, ThinkVision)

Телефон:
0800 4 44 44 (AITONIX, бројот е бесплатен за цела Македонија)
+389 2 3298338 (AITONIX)
+389 2 3090625 (Inet)

Гарантното сервисирање на производите од серијата Think се врши од авторизиран сервисен партнер, каде што можете да го однесете Вашиот уред за поправка. Секако може да го однесете уредот до Вашиот продавач кој ќе се погрижи за гарантниот процес наместо Вас.

Листа на авторизирани Lenovo сервисни партнери за производи од сериите Think

Таблети

Таблети

Телефон:
0800 4 44 44 (AITONIX, бројот е бесплатен за цела Македонија)
+389 2 3298338 (AITONIX)
+389 2 3090625 (Inet)

Гарантното сервисирање на Lenovo таблетите се врши од авторизиран сервисен партнер, каде што можете да го однесете Вашиот уред за поправка. Секако може да го однесете уредот до Вашиот продавач кој ќе се погрижи за гарантниот процес наместо Вас.

Смартфони

Смартфони

Телефон:
0800 4 44 44 (AITONIX, бројот е бесплатен за цела Македонија)
+389 2 3298338 (AITONIX)
0800 8 07 77 (Mobico, бројот е бесплатен за цела Македонија)
+389 2 309060 (Mobico)

Lenovo и Moto смартфоните кои се во или надвор од гарантен рок може да ги праќате на сервис преку курирските услуги на некојa од локални курирски компании. Курирската фирма ќе го подигне уредот од место по Ваш избор, ќе го транспортира до сервисниот центар и ќе Ви го врати обратно. Не е потребно уредот да биде во оригинална кутија, но е препорачиво да биде добро спакуван за превенција од повреди при транспортирање. Курирската услуга е потполно бесплатна во случај на сервисирање на производ во гарантен рок. За да испратите во сервис смартфон Lenovo или Moto, Ве молиме контактирајте некој од горенаведените телефонски броеви. Секако може да го однесете уредот до Вашиот продавач кој ќе се погрижи за гарантниот процес наместо Вас.

Lenovo Storage

Lenovo EMC, Lenovo, and Iomega производи за мрежни сториџи

Lenovo обезбедува поддршка на Lenovo EMC, Lenovo и Iomega производи за мрежни сториџи. Може да ја исконтактирате техничката поддршка во работно време (Пон-Пет, од 08:00 – 17:00 ч.) на англиски број +44 207 660 0520 (поддршка само на англиски јазик, се наплаќа како меѓународен разговор). Исто така може да се поврзете преку чат или имејл (поддршка само на англиски јазик). Можете да го проверите гарантниот статус преку нашиот Валидатор на гаранција.

* Само за клиенти со тарифен план на услуги: 24 часа, 7 дена во неделата поддршка на телефон. Ве молиме да го подготвите Вашeтo регистрационо ID (Service plan ID#) пред повикот.

Аксесоари

Аксесоари

Во врска со понуди за Lenovo галантерија и резервни делови, видете го одделот "Галантерија". Возможно е некои од производите да не се нудат во Македонија. Обратете се кај Вашиот продавач за информации во врска со дополнителна галантерија или компатибилност на резервни делови.