Lenovo на Gamescom
Lenovo на Gamescom
Lenovo на Gamescom

Lenovo на Gamescom

Lenovo се приклучи на најголемиот светски настан за интерактивна забава и интернационална платформа за бизнис и нови производи во gaming индустријата. На почетокот од настанот беа најавени новите Lenovo куќишта на десктоп компјутери - Y710 Cube и All-In-One Y910.

Запознајте го Y710 Cube

Да, тоа е десктоп компјутер, но не мора да биде заглавен на маса. Y710 Cube работи секаде и овозможува играње без заостанување со висока брзина до 4K HD и интелигентни LAN/WiFi. Со тони меморија и внатрешен простор можете дури и да вршите пренос додека играте! Освен тоа, Cube останува ладен со стратешки поставените воздушни канали и механизми за ладење. И благодарение на опционалниот Xbox One контролер, можеби никогаш не ќе сакате да запрете со играње.

Дознајте повеќе

Nvidia и Intel

Y710 Cube
All-In-One Y910

All-In-One Y910

Тревата се нишка на ветрето. Мечовите светкаат во борбен судир. Гледајте како никогаш досега на прекрасниот QHD екран без рабови на 27" AIO Y910. Уживајте во неспоредливиот звук на Harmon Kardon стерео звучници. Играјте ги сите најнови апликации со висока брзина и без доцнење. Со тони меморија и внатрешен простор, може дури и да вршите пренос додека играте! Лесно приспособете го вашето аудио, мрежните приоритети, осветлувањето и многу повеќе. Извадете го Y910 од кутијата и впуштете се во играње.

Дознајте повеќе

Машини од Razer

Склучивме партнерство со Razer, водечка компанија во извонредната технологија и со големо искуство за поврзани уреди и софтвер за играчи, за да креираме специјални Razer Edition (RE) модели од Lenovo Y серијата уреди за играње. Сите наши Razer Edition компјутери ќе бидат кобрендирани и ќе ги одразуваат изгледот и чувството на Lenovo Y серијата и иконските Razer елементи, како што се приспособливите Chroma ефекти на осветлување.

Дознајте повеќе

Машини од Razer

Подготвени за Oculus

Oculus склучи партнерство со Lenovo за да испорачува систем што е отимизиран за Rift, кој е како ништо што сте доживеале досега, било да ја играте омилената игра или да гледате VR филм со извонреден квалитет. Тие се дизајнирани, склопени и тестирани имајќи го предвид Rift, така што можете да бидете сигурни дека ќе имате одлично VR доживување. Моделите подготвени за Oculus се достапни од лето 2016.

Oculus

Подготвени за Oculus

Откријте ја Y серијата

Од моментална моќност и флексибилност на IdeaCentre десктопите до агилните IdeaPad лаптопи за играње во движење и арсеналот на специјализирана галантерија, Lenovo Y серијата испорачува вистинско доживување при играњето за сите, од повремени до професионални играчи. Ги комбинираме водечката врвна технологија и безмилосен дизајн кои совршено одговараат со периферните уреди. Усогласете го вашиот компјутер со стилот на играње и прифатете го играњето со Y серијата.

Дознајте повеќе

Откријте ја Y серијата

Приклучете се во gaming заедницата

Сакаме да биде едноставно – ние сме тука за да го направиме играњето подобро за играчите и би сакале ваша реакција за начинот на кој треба да го направиме тоа. Од нови производи до настани, кога ќе ни се приклучите во оваа нова авантура, ќе видите дека сме поинаков вид на компанија за играње.

Дознајте повеќе

Gaming заедница