Lenovo Y Gaming

Десктоп компјутери

Гледај го целото видео Купи сега
Y десктоп компјутери
Y десктоп компјутери
Y десктоп компјутери
Y gaming десктоп компјутери

Y gaming десктоп компјутери

Соочете се со противниците според своите сопствени услови. Lenovo gaming десктоп компјутерите ви овозможуваат да го направите токму тоа давајќи го вистинскиот микс на инстант моќ со флексибилност на иднината. Тие се направени да ве освојат веднаш по отпакувањето и се флексибилни колку што се и моќни, па ви овозможуваат погодност за лесно надградување кога ќе ви треба. Се испорачуваат во различни форми, големини и конфигурации, така што ќе бидете сигурни дека ќе го најдете тоа што го барате. Погледнете ги нашите IdeaCentre Y серија десктоп компјутери, статистики и подгответе се да доминирате.

Запознајте го Y710 Cube

Да, тоа е десктоп компјутер, но не мора да биде заглавен на маса. Y710 Cube работи секаде и овозможува играње без заостанување со висока брзина до 4K HD и интелигентни LAN/WiFi. Со тони меморија и внатрешен простор можете дури и да вршите пренос додека играте! Освен тоа, Cube останува ладен со стратешки поставените воздушни канали и механизми за ладење. И благодарение на опционалниот Xbox One контролер, можеби никоогаш не ќе сакате да запрете со играње.

Дознајте повеќе

Y710 Cube

All-In-One Y910

Тревата се нишка на ветрето. Мечовите светкаат во борбен судир. Гледајте како никогаш досега на прекрасниот QHD екран без рабови на 27" AIO Y910. Уживајте во неспоредливиот звук на Harmon Kardon стерео звучници. Играјте ги сите најнови апликации со висока брзина и без доцнење. Со тони меморија и внатрешен простор, може дури и да вршите пренос додека играте! Лесно приспособете го вашето аудио, мрежните приоритети, осветлувањето и многу повеќе. Извадете го Y910 од кутијата и впуштете се во играње.

Дознајте повеќе

AIO Y910

Приспособете го како што ви одговара

Дури и со најдобрата технологија, константната еволуција на иновацијата значи дека некогаш ќе посакате да го надградите. Нашите десктоп компјутери од Y серијата овозможуваат пристап без алати, бидејќи имаат панели со лесно отстранување, внатрешно кабелско насочување, дополнителни лежишта за дискови и компатибилно надградување. Покрај тоа, со Lenovo Nerve Center, можете да ги приспособите вашите поставки за високи перформанси, да ги поставите мрежните приоритети, да ги нагодувате осветленоста и звукот, но и повеќе. Направете го свој. И подгответе се да ги уништите вашите противници.

Приспособете го како што ви одговара

Сурова моќ

Овие десктоп компјутери испорачуваат моќност за да победите, веднаш по отпакувањето. Започнете со процесори до 6th generation Intel® Quad Core i7 K, за светлосно брза реакција. Или за брзина поголема од наведените спецификации, изберете 6th generation Intel® Core i7 K процесор со можност за зголемување над фабричките вредности. Опции за картичка за дискретна графика до dual NVIDIA® GeForce® GTX 1080 значи дека можете да се потпрете на стабилни перформанси, дури и со најтешката графика. Добијте ги брзината и моќта што ви требаат.

Nvidia и Intel

Сурова моќ

Подготвени за Oculus

Oculus склучи партнерство со Lenovo за да испорачува систем што е отимизиран за Rift, кој е како ништо што сте доживеале досега, било да ја играте омилената игра или да гледате VR филм со извонреден квалитет. Тие се дизајнирани, склопени и тестирани имајќи го предвид Rift, така што можете да бидете сигурни дека ќе имате одлично VR доживување. Моделите подготвени за Oculus се достапни од лето 2016.

Oculus

Подготвени за Oculus
Безмилосни дизајни

Безмилосни дизајни

Тој прекрасен црвен сјај. Задебелена и осветлена буква „Y“ на предниот панел. Проѕирен страничен панел на Y900. Razer Chroma осветлувачки ефекти во повеќе бои на Y900 RE. Да бидеме реални – овие производи имаат изглед кој покажува дека се направени за бизнис, а нивниот бизнис е опасен.

Купи сега

IdeaCentre Y710 Cube

IdeaCentre Y710 Cube

Купи сега
  • Процесор: До Intel®Core™ i7 процесор
  • Оперативен систем: Windows 10 Home
  • Дискретна графика: До Intel®NVIDIA®GeForce®GTX 1080 8 GB DDR5
  • Меморија: До 32 GB DDR4 (ќе поддржува до 64 GB)
IdeaCentre AIO Y910

IdeaCentre AIO Y910

Купи сега
  • Процесор: До 6th Generation Intel®Quad-Core i7 6700 процесор
  • Оперативен систем: Windows 10 Home
  • Дискретна графика: До Intel®NVIDIA®GeForce®GTX 1080 8 GB DDR5
  • Меморија: До 32 GB DDR4
Gaming Ideacentre Y700

IdeaCentre Y700

Купи сега
  • Процесор: До 6th Generation Intel®Quad-Core i7 процесор (до 65 watts)
  • Оперативен систем: Windows 10 Home
  • Дискретна графика: До Intel®NVIDIA®GeForce®GTX 970 4 GB
  • Меморија: До 16 GB DDR4 (4 x DIMM слотови, ќе поддржува до 32 GB)
Gaming Ideacentre Y900

IdeaCentre Y900

Купи сега
  • Процесор: До 6th Generation Intel®Quad-Core i7 K процесор (до 95 watts)
  • Оперативен систем: Windows 10 Home
  • Дискретна графика: До Intel®NVIDIA®GeForce®GTX 980 4 GB
  • Меморија: До 32 GB (4 DIMM слотови) DDR4